Поради мерката за прекин на образовниот процес со цел спречување на ширењето на корона вирусот, родителот кој нема да доаѓа на работа треба да обезбеди соодветна потврда за детето од градинка или од училиштето кое го посетува, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
Потврдата треба да гласи само на едниот родител и да се достави до работодавачот до терминот за пресметка на следната плата. На таков начин ќе го регулира своето отсуство од работа, рече Манчевски.





