ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари: Албанците во Северна Македонија ќе имаат претседател на Собранието и шест министри во новата влада

May 19, 2024 13:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Гостивар, кој беше кандидат за претседател на Република Северна Македонија на коалицијата Вреди на последните избори, во интервју за Косовската радиотелевизија – РТК, изјави дека Албанците, по парламентарните избори одржани на 8 мај, ќе имаат претседател на Собранието, а во идната македонска влада и шест министри.

Таравари изрази уверување дека коалицијата Вреди во новата македонска влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  ќе биде претставена достоинствено, со стручни луѓе.

-Верувам дека (ќе имаме) една од трите главни функции во државата, односно претседател на Парламентот и во иднина ќе биде Албанец, и значителен број министри. Особено таму каде што имаме експерти, ние како партија Вреди ќе ги именуваме. Верувам дека ќе бидеме претставени достоинствено, со стручни луѓе, рече Таравари.

Тој, како што јави дописникот на МИА од Приштина, најави дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, додека новата Влада очекува да биде изгласана во првиот дел на јуни.

-Конституирањето на Собранието е планирано да се случи некаде на крајот на овој месец, месец мај, а во меѓувреме, кон крајот на следната недела, ќе ги имаме и кадровските избори и владината програма. Откако ќе се конституира Собранието, претседателот на државата мора да го даде мандатот на идниот мандатар. Во првата половина на јуни сигурно ќе ја имаме новата влада, изјави Таравари во синоќешното интервју за косовскиот јавен радиодифузер.

Коалициските партнери, според Таравари, се согласиле приоритети на новата влада да бидат патот кон Европската унија, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и функционирањето на правната држава.

Tags: ВладаТаравари
Next Post
ВИНЕТУ НА ПЛИТВИЦЕ Актерот Пјер Брис починал во 2015 година а неговиот придружник е се уште жив

Легендата за Винету живее и по шест децении

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk