Од денеска бате Саше е слободно и невработено лице. Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, утрово, се одјавил од струшкиот затвор, каде што издржуваше казна за случајот „Империја“.
„Нù замина најдобриот и најпримерниот работник, нашиот возач кој нагалено го викавме „транспортер“. Го почитуваше куќниот ред, беше добар пример и за другите осуденици, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средување на паркот. Сите се навикнавме на него, просто не знам како ќе функционира затворот без него“, вели за Сатира, директорот на казнено-поправниот дом.
Директорот додава дека едвај ги задржал солзите да не заплаче кога пред капијата го испраќаше најпримерниот затвореник.
Бате Саше се насмевнал и кратко одговорил „здравје, ќе видиме“!
Путуј Саша
Текстот е сатира, презземено од Цивил Медиа