РИБАРО
Репортерот на АХА од Рим, ЕКСКЛУЗИВНО јавува што всушност ѝ порачал Папата на претседателката Силјановска Давкова.
На средбата во Ватикан, папата Франциск ја прашал Силјановска Давкова – Каде одиш со тој ум?
„Quo Vadis Гога?
Уште не седната во претседателската фотелја направи купишта непријатели од соседите. Оние од ЕУ се чудат сега што да ви прават. Ги слушате ли пораките што ви ги упатува Америка? Дури и претседателот на вашите сестрински ЕПП не може да ви се изначуди. Гледам си се избрукала и со венецот што си го положила, не си го пишала името на државата на која си претседателка. Жива брука. Многу ќе е срамота за денов да не ве примам, инаку имаше да летате од палатава како партали. Ајде сега направи ја познатата гримаса пред камериве, потоа насмеј се скромно као нешто убаво сум ти кажал и фаќајте го патот око да не ви видам. И поздрави го тој што ќе ви биде премиер – да берите ум двајцата“, ѝ порачал папата Франциск на претседателката Силјановска Давкова, дознава АХА.
– Кирил и Методиј – просветителите, обединителите… за кого нели сте дојдени тука да ги чествувате, во гроб се превртуваат, нагласил папата Франциск, јавува репортерот на АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK