Бројот на загинати од рускиот напад врз хипермаркетот за железарија Епоцентар во Харкив на 25 мај се зголеми на 17, бидејќи под урнатините беше пронајдено уште едно тело, објави на Фејсбук Серхи Болвинов, началник на одделот за истраги во главната дирекција на Националната полиција во регионот Харкив, пренесува Укринформ.
„Синоќа во одделот за продажба на светилки беше пронајдено уште едно тело. Потрагата е во тек, за жал, можеби се уште има тела во хипермаркетот“, напиша Болвинов.
Тој додаде дека истражителите и криминалистите веќе трет ден работат речиси без одмор.
„Работата не запира ниту за момент, и покрај постојаните грижи. Исто така, работата во лабораторијата продолжува – синоќа специјалистите идентификуваа уште две жртви“, рече Болвинов.
This is what a construction supermarket in Kharkiv looks like after the Russian strike on Saturday.
According to the latest data, 16 people were killed, 45 injured, five are still being searched for under the rubble. https://t.co/oqUt9aI2pi pic.twitter.com/VGS7xIl6jV
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 27, 2024
Укринформ претходно објави дека најмалку 16 лица, вклучително и 12-годишно девојче, биле убиени во рускиот ракетен напад врз хипермаркетот за железарија Epitsentr во Харкив
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа