Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осуди смртоносните воздушни напади на Израел во близина на Рафах во Појасот Газа.
– Ги осудувам акциите на Израел во кои загинаа голем број невини цивили кои само бараа засолниште од овој смртоносен конфликт, напиша Гутереш на Х.
– Нема безбедно место во Газа. Овој ужас мора да престане, нагласи тој.
I condemn Israel’s actions which killed scores of innocent civilians who were only seeking shelter from this deadly conflict.
There is no safe place in Gaza.
This horror must stop.
— António Guterres (@antonioguterres) May 27, 2024
Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.
Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати, пренесува ДПА.
Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе.
Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр“.