Повеќе од милион домови и деловни објекти синоќа останаа без електрична енергија во американската сојузна држава Тексас, поради силните бури и град.
Во невремето што пред два дена погоди делови од САД загинаа 25 лица.
За време на викендот пријавени се неколку смртни случаи во Тексас, Оклахома, Арканзас, Мисури, Кентаки, Северна Каролина и Вирџинија.