Четири лица се уапсени и прекината е работа на повеќе од 100 сервери во голема меѓународна операција против малициозен софтвер, објави денеска Европол.
Тоа беше „најголемата досега операција против ботнети, кои играат главна улога во ширење на софтвер со кој се бара откуп“ . Апсења се извршени во Ерменија и Украина, и извршени се и 16 полициски претреси во четири различни земји, се вели во соопштението на Европол.