ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши за уставните измени: Прашањето треба да биде решено што побргу, но не на сметка на рушење на идентитетот на Македонците

May 31, 2024 21:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На прашањето дали има договор за промена на Уставот, новиот спикер на Собранието Африм Гаши одговори дека тоа е сензитивно прашање, особено за Македонците.

Како што рече во интервјуто за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Македонците биле понегативно настроени кон т.н француски предлог, а  ВМРО-ДПМНЕ добила голем број гласови на изборите токму поради резервираноста по ова прашање.

-Сепак, сега сме во друга фаза – сакаме сите да одиме напред. Најголем број граѓани и политички партии, освен една, сите сме за интеграција на земјата во ЕУ, и тоа побргу, барем така се изјаснуваат декларативно. Треба да разговараме за тоа што ВМРО го стави во програмата. Ќе има и нови моменти  по изборите во Бугарија и изборите во Европскиот парламент. Треба во мозаикот да се имаат сите елементи зашто цело е кога има сè, за да може ова горливо прашање да го решиме, истакна Гаши.

Нагласи дека стои на ставот прашањето да биде решено што побргу, но нагласи „не на сметка на рушење и на незачувување на култутрниот и јазичниот идентитет на Македонците“.

-Не можеме да ги ризикуваме меѓуетничките односи за друг проблем, така ништо не сме направиле. Треба да работиме на поголема кохезија на сите заедници, особено на првите две по големина – македонската и албанската. Ако имаме разбирање за нашиот културен и јазичен идентитет, само по себе ќе даде енергија во процесот на побрза интеграција на земјата во Европската Унија, рече Гаши.

На прашањето зошто заклетвата во вторникот во Собранието ја дал прво на албански, а потоа на македонски јазик, одговори дека било техничка работа и „не би сакал да се вовлече во дневна политика со такви мали работи“, а употребата на албанскиот јазик во Собранието, рече, е регулирана во 2008-2009.

-Тој ден беше празник за демократијата во Северна Македонија,  се конституираше Собранието. Тоа е дневна политика и партиите го користат  за некој евтин пи-ар. Јас не би сакал на тоа ниво да се симнам и да коментирам такви коментари. Немам никаков проблем со македонскиот јазик, го учам и зборувам истовремено со албанскиот од моите први години. Немам анимозитет кон македонскиот. Конститутивната седница беше подготвена од службите во Собранието, кои се професионалци и тоа беше технички, можеше прво да биде на македонски, битно е дека се прочита на македонски, додаде Гаши.

На прашањето дали сè уште се залага за „заедница на албански општини во Македонија“,одговори дека тоа било став на генералниот секретар на неговата партија Алтернатива и дека идејата била соработка во сегменти што ги засегаат жителите на тие општини, а темата тогаш, рече се  политизирала и и се дало националистички предзнак.

-Нема таква конотација со националистички предзнак за федерализација како што сакаше да се прикаже. Никогаш не сме се изјаснувале за федерализација, затоа што тој модел не е компатибилен за оваа држава и затоа политички не сум ја застапувал таа тема, рече новиот претседател на Собранието.

Next Post

Зошто велат платформа, а мислат на трговија?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk