Општина Кисела Вода доби нов претседател на Советот. Светлана Колариќ која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМЕ денес, со мнозинство гласови беше избрана да ја извршува оваа функција, на која доаѓа откако досегашниот претседател Иван Живковски на неодамна одржаните избори, доби пратеничко место во Собранието, соопшти општинската прес-служба.
Новиот претседател на Советот, Светлана Колариќ се заблагодари за довербата, како и на сега веќе, пратеникот Живковски за целиот ангажман и успешна работа.