На територијата на скопската општина Шуто Оризари комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Посочуваат дека отпадот се собира во согласност со динамиката утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, усвоени од страна на Советот на Град Скопје.
– Во таа насока, би сакале да напоменеме дека само во периодот 27 мај –1 јуни 2024 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 130 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари, се наведува во соопштението од ЈП Комунална хигиена-Скопје.