Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за Претседател на внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, информираат од СДСМ.
Претходно денеска официјална кандидатура за претседател на СДСМ поднесоа и Венко Филипче и Славјанка Петровска.
Постапката за кандидирање започна на 31.05.2024 и ќе трае до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.
За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Вонредните внатрепартиски избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни 2024 година (недела).