Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои ќе се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во Парламентот, но бара од ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица.
Потсетуваат дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои, како што наведуваат, „заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“.