ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ромите не се некојси Ритко!

June 6, 2024 15:35
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Некојси битолскиот јутјубер Ритко добил притвор од еден месец, бидејќи на 23 април (денот кога беше изборен молк за првиот круг Претседателски избори), во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на Youtube.

„Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена“, соопштија од ЈО Битола.

Оваа вест ќе поминеше како секојдневна информација во рубриката „црна хроника“ да не беше експлицитниот говор на омраза кон Ромите на социјалните мрежи, откако на 03 јуни група поддржувачи, роднини и пријатели на Ритко протестираа пред СВР Битола и бараа негово ослободување.

Извесна Камилица (Тамарче2) на Х профилот го сподели видеото на Грдо пајче од протестот со коментар:

„Коа викам дека се однесуваат исто како црнците у америка ми викаат дека сум расист. Не сакаат да видат шо напраил типот пошо се убедени дека е обвинет само поради тоа што е ром“.

Профилот Тамарче предизвика низа на коментари со говор на омраза кон цела етничка заедница поради само еден лик кој направил погрешно дело за кое доби притвор.

„Штета што Германците не ги зеле и овие заедно со Евреите“.

„Кожа кисела им е**м“.

„Да му е**м кожата за на тапан“.

„Немале време да видат, краделе железо и бакар“.

„Циган е не е ром. Јас имам пријатели роми, не се цигани. Овие се цигани, чергари“.

„Ајде на циганиве не треба внимание да им се дава човекот ќе си лежи а овие нека пафкаат трева и онака за ништо груго не ги ни бива во животот“.

Меѓу десетиците коментари со говор на омраза кон ромската етничка заедница, имаше и еден коментар на извесна Емма која пишува:

„Ова багра шо бранат сексуален злосторник не се за бранење ама ти сепак си расист затоа што сите црнци ги ставаш во исти кош и ги осуди како група“.

Овие „сочни коментари“ ме испровоцираа да видам кој е тој јутјубер Ритко и за што всушност е осуден. Видеото за кое е осуден всушност сè уште е на неговиот Yotube канал и може да го гледаат сите. Искрено, изгледав само неколку минути од видеото со лицето кое е со трајно душевно заболување (со надимак Роналдо) и си велам зарем навистина има над 69.000 прегледи тоа нечовечко однесување.

Прегледав и неколклу други негови видеа и искрено не знам зошто порано не го уапсија? Но, ајде тој човек и до некаде можеби и го разбирам, нашол начин за лесна заработка, но никако не можам да ги разберам тие што го следат и поддржуваат тоа негово непримерно однесување. Со неговите видеа каква порака им испраќа пред сè на младите!?

Барајќи некои податоци за јутјуберот Ритко дојдов до информација дека и претходно бил апсен во Штип поради тоа што неовластено влегол во некое училиште претставувајќи се како градоначалник и ги навредувал учениците. Голем успех на „градоначалникот Ритко“ кој од училиште според неговото однесување има само голем одмор и ужинка.

Но, ајде да се вратиме кај оние што „не се расисти и националисти“.

Прво, никој не го осуди по етничка основа јутјуберот Лазаров кога новинарот Латас во живо на поткаст на YouTube му раскажувал за неговите сексуални доживувања со некое девојче во фичо. За тоа има суски предмет. Но, никој не рече дека однесувањето на јутјуберот Лазаров и Латас е „македонска работа“. Тоа се двајца индивидуалци кои ќе си одговараат или не за своите постапки. Толку.

Исто е и со јутјуберот Ритко. Ако погрешил ќе си одговара без разлика на неговата етничка припадност. Меѓутоа, сите Роми да се стават во ист кош, како споредбата со „црнците во Америка“ воопшто е во ред. Или како оној „космополит“ што жали дека Хитлер не ги земал Ромите заедно со Евреите. Инаку, за жал нацистите ги зеле и Евреите и Ромите, но, за среќа не им успеал планот. Денес, ниту Евреите, ниту Ромите се уништени. А нема ни да бидат уништени без разлика колку и да има желби да се направи „тапан од циганска кожа“.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

ЕУ бара од властите во Белград целосно да ги спроведат препораките на ОДИХР

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk