ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Опуштете се – нема брз пристап до трагедијата

June 9, 2024 10:36
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Опуштете се, драги мои, не постои брз пристап до трагедијата.

Од многу работи ќе морате да се откажете или ќе ви бидат одземени, пред да сфатите дека сте се заебале.

Односно дека ве заебале.

Користејќи ја вашата инфантилност и слабостите во вашиот паланечки, итромански менталитет и карактер, така добро прикажани во „Македонските народни приказни“.

Заедно со ниското ниво на вашата политичка и општа култура.

Со помош на државотворната и национална свест на нивото на три рала тапани.

И граѓанската свест и одговорност на нивото на зурли во моментот кога зурлаџијата ги пумпа образите.

Многу работи ќе ви бидат одземени пред да сфатите какво злосторство сте си направиле на себе и на целата заедница.

Оти вие можеби и ќе преживеете, но нацијата е толку оштетена што можеби е подобро да ја симнеме од апаратите за вештачко одржување со помош на народните песни, игри и ора.

На Ваташа, Мечкин камен и Бисер балкански.

Вие сте злосторници со синкопи и со продолжено заматување на свеста.

Не сте никаква нација.

Не сте ништо.

Каква олеснителна околност!?

Но, кај и да е, развојот на настаните и времето ќе овозможат болката да се појави и да ја растури халуцинацијата и дејствието на партиската и митолошка марухуана.

Можеби ќе станете контактибилни за стварноста и за разумот.

Да видите како куќата што сте ја запалиле гори.

Со се фурката на баба ви.

Да не сте ми доаѓале на маса в кафеана да ми офкате и да ми кажувате колку сте биле глупи.

Знам.

Додека претседателката го везе вилеровиот гоблен на новиот устав и чека некој во светот да се смилува и да ја покани на чај, и додека уште неконституирана власта му покажува на народот дека не го ебе за џабе и дека на него гледа како на дресирани животинчиња кои под нејзиниот партиски шатор скокаат низ огнените обрачи на заебанцијата, луѓето го чувствуваат мирисот на изневерените надежи, но и во тоа се трудат да видат некој добар знак.

Обаче – ништо.

Можеби по некоја карамела и информација за тоа уште колку Соравии добил роднината на Али Ахмети. И мерцедеси. И веста дека затворските казни ќе ги лежат во некои министерски и директорски фотељи.

Хахаха!

Вреди се посебна приказна.

Тие ќе добијат многу повеќе од овие од дуи кои беа обвинети дека ја заклале Македонија.

Можеби вреди ќе ја шијат.

Со тоа што главата ќе ѝ ја зашијат на задникот!

А вие ќе добиете карамели.

Конститутивната журка многу бргу ќе се претвори во кавга ако вмро не успее со корупција да ги амортизира конститутивните претензии на Албанците.

И Албанците да чекаат да видиме како Европската унија и САД ќе реагираат на условите што им ги постави вмро ако сакаат да ја примат нашата држава во својот состав.

Хахаха!

Вмро направи тотален пресврт во однос на својата предизборна програма и со тоа ја нагласува својата неверодостојност не како своја слабост туку како тест за нивото на оглупавеноста на народот и моќта тој народ да се води како стадо овци со помош на неколку партиски кучиња од расата балкан коли.

Иста функција има и отворањето на затворените прашања. За името, на пример. Суштината на тоа отворање не е битката за старото име, туку битка за статусот на отвореност и недефинираност на македонското прашање  со ширење на емоциите од некаква светска и историска неправда, сеење на знакови за неконсолидираност, на историска и политичка незрелост, односно за тоа дека тука нема материјал за нација и држава.

Тие функции ги презема вмро.

Уставот и законите односно државата, се потемкинови села.

Не се сеќавам дека во историјата на политиката сум сретнал ваква претставеност на народот во власта и ваква општа легитимација на власта во народот.

Какво волшебно единство!

На различни нации, социјални групи, партии, идејни определби.

Добро, останаа некои маргини и џебови кои се тука само за да го потврдат единството меѓу политичкото раководството на државата и народот.

Тие маргини многу бргу ќе бидат асимилирани или корумпирани или испоапсени или дискредитирани, така што надвор од власта и од возљубениот народ во власта, нема да остане никој како фактор со минимум политичка моќ.

Тоа е балон надуван од прдежи.

Нема друга хемија.

Ние имаме такви видови и количества на општи срања пред кои секоја морална имагинација мора да се повлече.

И научната, теориска и аналитичка имагинација, исто така.

Луѓето очекуваат чуда односно се дрогирани и по таа линија не се субјекти кои можат да препознаат минимум разумност која ќе ги ориентира.

Интелигенцијата не е нужно нешто  добро, нешто што треба да се вреднува. Тоа е нешто како петто тркало, нешто потребно или посакувано кога ќе дојде до крах. Кога сѐ оди добро, подобро е да си глуп. Глупоста е вредност исто колку и интелигенцијата.

Интересна теза на Сузан Сонтаг.

Или беше на Џаспер.

Проблем е кога луѓето се глупи и кога не оди добро.

Или кога со својата глупост произведуваат проблеми.

Можеби и крах!

Како во Нашата земја.

На пример.

Нацијата која беше осудена на инфериорност, по жалбата што ја поднесе до историската апелација, е осудена на смрт.

Без право на жалба.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
FRONTLINE
Next Post

Платформа за културни иницијативи ИЗОЛАЦИЈА: Како руските агресори претворија место на уметноста во брутален концентрационен логор

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk