ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гаши – Агелер: Многу е важна улогата на Северна Македонија и САД во промовирање на регионалната стабилност

June 10, 2024 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава Ангела П. Агелер. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, биле поздравени долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави. Било нагласена важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји.

Гаши изразил благодарност за континуираната поддршка што САД ја даваат на Република Северна Македонија што високо се цени во земјата. Силен столб во билатералната соработка, стои во информацијата, претставува Декларацијата за стратешко партнерство од 2008 година како и Стратешкиот дијалог меѓу двете влади од 2022 година.

Претседателот Гаши истакнал дека е многу важна улогата на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави во промовирање на регионалната стабилност и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан. Во тие рамки, тој информирал дека македонското Собрание претседава со Парламентарното Собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и од 18 до 20 јуни 2024 година во Собранието ќе се одржи 11-та Пленарна сесија на Парламентарното Собрание на Процес за соработка во Југоисточна Европа што претставува уште еден знак на посветеност на земјата за продлабочување на регионалната соработка.

Тој изразил благодарност за континуираната и силна поддршка на Соединетите Американски Држави за напорите на Северна Македонија за евроатланска и европската интеграција, како и за значајната поддршка за унапредување на политичките процеси во земјата.

Амбасадорката Агелер се заблагодарила за средбата и истакнала дека Собранието  е една од најзначајните институции во земјата. Таа искажала задоволство од успешно спроведените претседателски и парламентарни избори во земјата кој биле фер, слободни и демократски.

-Таа ја реафирмираше спремноста на САД за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји како и очекувањата за продолжување на спроведување на реформите во земјата со цел добро владеење на правото, реформи во правосудскиот систем, како и борба против корупцијата и криминалот, стои во соопштението.

Двајцата соговорници, како што наведуваат од собраниската прес-служба, се согласиле дека во иднина треба поголемо внимание да се посвети на економските прашања со цел подобрување на животниот стандард на сите граѓани, подобрување на образовниот систем како и привлекување на повеќе странски инвестиции со цел државава да може да напредува на својот европски пат и да ги надмине тешките предизвици со кои се соочува.

Next Post

Италијанската левичарка од притвор во Унгарија освои место во ЕП

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео

Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk