ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стејт департмент: Зајакната борба за независно судство, напредок на слободата за медиумите, проблеми со корупцијa

Пофални зборови за заложбите на Владата за воспоставување на независен правосуден систем, напредок во слободата на медиумите и слободата на изразувањето, но и забелешки за високата корупција и насилните акти врз припадници на ЛГТБ заедницата се содржани во Извештајот за човековите права на Стејт департментот, кој беше објавен вчера.

March 12, 2020 08:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пофални зборови за заложбите на Владата за воспоставување на независен правосуден систем, напредок во слободата на медиумите и слободата на изразувањето, но и забелешки за високата корупција и насилните акти врз припадници на ЛГТБ заедницата се содржани во Извештајот за човековите права на Стејт департментот, кој беше објавен вчера.

Како еден од проблемите кои ги нотира извештајот на Стејт департментот за Северна Македонија е ниското ниво на независност на медиумите во земјава.

-Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување, но остануваат проблемите, вклучително и слабата независност на медиумите и насилството и заплашувањето на новинарите, се вели во извештајот.

Забелешката е дека медиумите во Северна Македонија во голема мера и натаму се поделени по политичка линија, но сепак се нагласува дека има зголемување на медиумите кои изразуваат различни позиции.

Во извештајот се содржани пофални зборови за Владата во насока на јакнење на независноста на судството. Оценето е дека Владата има поголема почит кон независното судство, отколку што тоа било случај претходните години, а исто така Северна Македонија покажала и решителност за јакнење на правосудниот систем, донесувајќи пресуди за некои случаи на СЈО.

Нотиран е одреден напредок во однос на борбата против корупцијата, но сепак доминантната улога на Владата во економијата создава можност за корупција, особено поради тоа што државата преку јавната администрација е најголем работодавач.

На светско ниво, како што јави Гласот на Америка, значајни прекршувања на човековите права се регистрирани во Иран, Кина, Саудиска Арабија и Венецуела

САД ги обвинуваат авторитарните влади ширум светот за сериозни „повреди и злоупотреби на човековите права“ за да контролираат какви било активности што можат да ја загрозат нивната моќ.

-Искуството покажува дека владините службеници кои угнетуваат, злоупотребуваат и толерираат негирање на човековите права на сопствениот народ, исто така се одговорни за создавање социјални средини што се зрели и за економска и за хуманитарна криза и кои поттикнуваат корупција, насилен конфликт и тероризам, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во изјава на презентацијата на Извештајот за човековите права во 2019 година.

Next Post

Партиските лидери денеска на координација кај Спасовски поради корона вирусот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk