ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Партиските лидери денеска на координација кај Спасовски поради корона вирусот

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со корона вирусот.

March 12, 2020 08:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со корона вирусот.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин Села и Африм Гаши го потврдиле присуството на состанокот, а тие со нив ќе понесат уште еден партиски претставник.

Политичките партии до денеска на 12 на полноќ треба да ги достават изборните листи за шестте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април, согласно роковникот, кој го објави Државната изборна комисија за активностите во пресрет на изборите.

Од Владата на брифинг со медиумите завчера порачаа дека во врска со состојбата со корона вирусот не треба да профитира политички.

– Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст, истакнуваат од Владата.

За лидерската завчера потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

– Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот,  информира завчерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори.

Тој рече дека на средбата ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. Согласно роковите изборната кампања треба да почне на 23 март.

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не гледа причина за одложување на изборите. Според него тоа е целта и не е добро да се одложат изборите, туку тие треба да се одржат, а можеби само кампањата треба да биде поинаква.
– Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту која било причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона вирусот ќе не стави во позиција на некаков вид поинаква кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, изјави вчера Заев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за коалиција.
Важно е, според него, граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат.
– Важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат. Успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45 отсто или со 75 отсто, рече Заев.
Целта на повикот од премиерот Спасовски, како што кажа Заев, е препораката од Министерството за здравство, лидерите на поголемите политички партии да разговараат околу моделите на водење на кампањата.
– Веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалициските партнери каков вид кампања е дозволива и што е препорачливо како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта, посочи Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Девет заболени од корона, здравството без одмори, МИА и МРТ да ги емитуваат препораките

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk