ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување на ГИ-ТОК: Трендови во трговијата со оружје од конфликтот во Украина

June 18, 2024 15:40
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Приливот на оружје во Украина по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, додаден на веќе голем арсенал со оружје во земјата (особено од избувнувањето на конфликтот во 2014 година), ја зголеми загриженоста за ширењето на ова оружје во рацете на криминалците понатаму во Западна Европа и можниот ефект врз организираните криминални активности, се наведува во статија за извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

Со цел да се обезбеди увид во ова прашање, во 2023 година Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC) воспостави програма за следење на оружјето („Монитор“) за следење на протокот на оружје надвор од Украина и во Европа.

Главна цел на проектот беше собирање на цените на црниот пазар за оружје , и во Украина, и во Европа, под претпоставка дека споредбата на цените во различни земји и анализата на промените во тие цени, ќе помогне да се расветли природата на понудата и побарувачката на национално и транснационално ниво. Овие податоци се добиени од контакти со подземјето и од органите за спроведување на законот во различни земји.

скриншот / ГИ: Приближен опсег на цени на АК-47 во Европа, по единица, собрани од Монитор во 2023 и 2024 година. Цените се стандардизирани на американски долари за полесно да се споредуваат (бидејќи цените за АК во Украина често се даваат во долари). АК-47 е корисен показател за динамиката на пазарот: распространетата достапност, леснотијата на користење и обилната понуда на муниција го направија сигурен инструмент во криминалните арсенали низ целиот континент

Квалитативните интервјуа со извори од подземјето, органите на прогонот, новинари, активисти и други помогнаа да се разјасни сликата за податоците во однос на побарувачката за оружје кај криминалците, апетитот за ризик и потенцијалните двигатели и бариери. Дополнително, Монитор собираше информации за заплени и официјални извештаи за огнено оружје и нарача истражување на пазарите на „дарк“ веб-страниците.

И Украина и западните партнери на Украина беа свесни за политичките и криминалните ризици од пренасочување на оружјето и поставија строги механизми за надзор за следење на испораката на оружје.

Според Вадим Џубински, шеф на криминалистичката истрага во украинската национална полиција, сите изгубени и украдени оружја, кои моментално брои 593.000, се евидентирани, нумерирани, а украинските европски партнери знаат за ова оружје.

“Ако такво оружје се појави во која било земја во Европа или светот, веднаш ќе сфатиме дека тоа е вметнат и лажен наратив, дека е дело на руските специјални служби за дезинформации и наративи за Украина“, вели Џубински.

Украинските војници интервјуирани во февруари 2024 година зборуваа за строги стандарди за оружјето, и за време и на крајот на нивната служба. Но, во оваа нервозна клима, сите официјални недостатоци беа строго разгледани.

Иако не се директно поврзани со пренасочување на оружје, корупциските скандали околу воените набавки во Украина предизвикаа загриженост за одговорноста на материјалот во војната. Анализирањето на вистинскиот ризик стана суштинско за да се продлабочи дискусијата надвор од насловите.

Овој извештај ја сумира првата година од работата на Монитор, опфаќајќи ги 2023 и почетокот на 2024 година. Неговиот суштински наод е дека изобилството на нелегално оружје досега беше ограничено на Украина и дека нема потврден инцидент на организирана трговија со оружје од Украина до земјите од ЕУ.

Овој извештај беше изготвен од Опсерваторијата на нелегални пазари и конфликтот во Украина при Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI-TOC), со придонес од мрежата консултанти и истражувачи, вклучувајќи ги Фредерик Штајб-Вебер, Јуси Саринен и Фредерик Крота. Издавачот им се заблагодари на Крис Монтеиро и неговиот анонимен коавтор за нивната фасцинантна длабинска истрага за трговијата со оружје на дарк веб.

Во работата на овој проект учествува и македонскиот новинар Александар Србиновски при Опсерваторијата на нелегални економии при GI-TOC во Југоисточна Европа за неговата извонредна анализа на цените на црниот пазар и трендовите во врска со нелегалното оружје во Западен Балкан.

Д. Тахири / Цивил Медиа


ЛИНК до публикацијата

Tags: GI-TOCГлобална иницијатива против транснационалниот организиран криминалнелегална трговијаорганизиран криминалОружје
Next Post

Иванов: Не постои незаконско финансирање на ДФРМ од страна на Агенцијата за филм

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk