ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Филхармонија на отворено“ во Градски парк со концерт „Одисеја 2024“ со музика од филмовите на Стенли Кјубрик

June 18, 2024 16:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

„Филхармонија на отворено“ годинава не носи на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност. Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија.

Концертот ќе се одржи на 19 јуни (среда) од 21 часот во Градскиот парк во Скопје.

Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

Кјубрик на музиката гледал како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори, ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебна драматургија и естетика.

Програма:

Р. Штраус: „Заратустра“ („Одисеја 2001“)

Л. Бетовен: Симфонија бр. 9, 2 став („Пеколен портокал“)

Ј. Штраус: „На убавиот син Дунав“ („Одисеја 2001“)

Џ. Росини: Увертира од операта „Севилскиот берберин“ („Пеколен портокал“)

А. Хачатуријан: Адаџо од балетот „Гајане“ („Одисеја 2001“)

Џ. Росини: Увертира од операта „Вилијам Тел“ („Пеколен портокал“)

Џ. Росини: Увертира од операта „Крадливата страчка“ („Пеколен портокал“)

Е. Елгар: „Свечен и церемонијален марш“ („Бери Линдон“)

В. А. Моцарт: Марш од операта „Идоменео“ („Бери Линдон“)

Г.Ф.Хендл: „Сарабанда“ („Бери Линдон“)

Ж. Пук: „Бал под маски“ („Очи широко затворени“); Солист: Елена Васова, вокал

Д. Шостакович: Валцер бр. од 2 од „Џез свита“ („Очи широко затворени“)

Поврзано: 

Стенли Кјубрик и неговата опседнатост со класичната музика – Сликата е свест, а музиката е потсвест

 

 

Tags: „Одисеја 2024“„Филхармонија на отворено“Стенли Кјубрик
Next Post

Битиќи: Раздвојувањето на економијата и енергетиката може да има сериозни негативни последици – повеќе јавни пари за неефикасни институционални поставености

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk