Две лица загинаа во шумски пожари во американската сојузна држава Ново Мексико, во кои изгореа околу 500 домови, а 8.000 жители се евакуирани од планинското одморалиште Руидосо, изјави гувернерката на државата Мишел Лујан Гришам.
Шумската област на околу 220 километри југоисточно од Албакерки, најголемиот град во Ново Мексико, е погодена од серија шумски пожари, вклучително и еден во 2022 година во кој загинаа две лица.
Пожарите изгореа повеќе од 9.308 хектари северно и јужно од Руидосо.
Сојузната држава Ново Мексико е зафатена од повеќедецениска суша што ги направи шумските пожари подеструктивни.
Во 2022 година, државата го претрпе најголемиот шумски пожар во континенталниот дел на САД кога изгореа повеќе од 341.000 хектари.