ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски на средба со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

June 24, 2024 21:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции и во периодот што следи ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

Муцунски на Фејсбук објави дека на средбата со Вархеји нагласил и дека политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина.

– На средбата разменивме мислења и за Планот за раст на ЕУ, оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство, наведува Муцункци, кој денеска во Луксембург учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западен Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК).

Вархеји, пак, на платформата Х напиша дека му честитал на Муцунски за неговото именување за министер за надворешни работи и оти на средбата разговарале „за важноста на Реформската агенда и следните чекори поврзани со фазата на отворање на пристапните преговори“.

Вархеји претходно денеска упати честитка и до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор.

– Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеји во честитка објавена на Х.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснки, од Луксембург заминува за Брисел каде што утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа ќе има средби и со високи претставници на Европската Унија.

Tags: ВархејиМуцунскисредба
Next Post

Мицкоски: Нема промена во моите ставови за употреба на името на државата

Shortcut

Најново

Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk