ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски: Засега не се размислува за одложување на изборите

– Во овој момент не разговаравме, бидејќи цениме дека нема потреба сега да носиме такви одлуки. Разговаравме за мерките, за тоа што треба да се преземе, за одговорноста и се договоривме дека за секоја нова состојба што ќе ја имаме, ќе седнеме ќе разговараме за се што ни претстои, рече Спасовски во изјавата по средбата.

March 12, 2020 16:46
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски, по денешната средба со лидерите на поголемите парламентарни партии во врска со состојбата со коронавирусот, истакна дека на неа не разговарале за можно одложување на изборите, бидејќи процениле дека сега нема потреба да се носат такви одлуки.

– Во овој момент не разговаравме, бидејќи цениме дека нема потреба сега да носиме такви одлуки. Разговаравме за мерките, за тоа што треба да се преземе, за одговорноста и се договоривме дека за секоја нова состојба што ќе ја имаме, ќе седнеме ќе разговараме за се што ни претстои, рече Спасовски во изјавата по средбата.

Сега за сега, додаде тој, важно е да се усогласи кампањата со мерките на Владата, заради тоа што, како што рече, сите треба да се однесуваме одговорно и да знаеме дека добивањето ситни политички поени и партиски интереси нема да придонесат за здравјето на граѓаните.

Спасовски најави дека Кризниот штаб, преку мејл на дневна основа ќе ги информира политичките партии за да имаат информации и да ги планираат активностите.

Тој појасни дека на средбата биле отворени можни аспекти кои можат да бидат последица од оваа состојба во државата.

Здравјето и животот на граѓаните се пред се и над се, но исто така, рече Спасовски, мора да водиме грижа и за економијата која мора да функционира.

– Во 16 часот средба на економскиот тим во Владата и со Стопанските комори за да ги разгледаме предлозите што ги имаме ние и кои врз основа на импликациите што се поврзани во однос на овие мерки че бидат воведувани ако за тоа има потреба, рече Спасовски.

Тој рече дека засега Буџетот е ликвиден и не мора да се размислува за евентуален ребаланс за кој би било потребно свикување на Парламентот, кој поради изборите веќе е распуштен. Ние, рече, во Устав и закони имаме предвидено кога може да се свика Парламентот, но засега немаме потреба имаме ликвиден буџет и има стабилна фискална политика.

Според Спасовски, кај граѓаните не треба да се јавува страв затоа што стоковите резерви се содветно пополнети како што е законската обврска. Нема потреба, вели Спасовски, ниту да се преплават маркетите за купување намирници.

– Стоковите резерви се соодветно пополнети, тоа што е законска обврска, можност и апсолутно тука граѓаните не треба да имаат никаков страв. Упатувам апел дека одговорно однесување значи и  дека не треба да не ги преплавиме сите маркети и да бараме намирници од утре да купуваме заради тоа што нема навистина потреба од такво нешто. Едноставно, нормално, без никава паника да реагираме на содветен начин, рече Спасовски.

Тој најави дека на координацијата на економските ресори во Владата ќе се разговара за економските мерки што се предвидени за делот на стопанските капацитети за евентуална помош на економијата таму каде што е потребно. Такви мерки, повтори, засега нема потреба да се пласираат заради тоа што државата се уште е во зелена фаза и фискалните импликации не се такви за да преземее некакви драстични мерки. Но, истакна, подготвени сме со конкретни мерки доколку тоа се случи, како, и на кој начин, да реагираме.

Next Post

Негативен тестот за коронавирус на пациентот кој со висока температура се јавил на Инфективната клиника

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk