Управата на аеродромот во италијанскиот град Катанија соопшти дека дел од аеродромот денеска ќе биде затворен поради големото количество пепел создадено од активноста на вулканот Етна.
Секторите Б2 и Б3 ќе бидат затворени за сообраќај, се наведува во соопштението, а пренесува италијанската новинска агенција Анса.
Еруптивната активност на Етна заврши утринава, но беше исфрлена голема количина пепел.