Приведен е кавадарчанец за физички напад врз неговиот син, информираат денеска од СВР – Велес.
-Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода К.М., на возраст од 51 година, по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот 27-годишен син. Според пријавеното, во нападот учествувал и другиот негов син Е.М., а биле употребени метален и дрвен предмет, при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.
К.М. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.