ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова германско-белгиска инвестиција вредна 20 милиони евра, најмалку 110 работни места во „Eпсотех“

July 5, 2024 15:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Најмалку 110 работни места претежно од инженерската струка, нови машини и технологија, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и извршниот директор на компанијата „Eпсотех“, Аламави, кои ја промовираа претстојната инвестиција во земјава вредна 20 милиони евра.

Како што рекоа Мицкоски и Аламави, инвестицијата е германско-белгиска, ќе почне во август со градба на објект надвор од индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец, а се очекува и брзо да биде удвоена.

-„Eпсотех“ има 60 години искуство и со нас носиме многу вештини. Се надеваме дека тука ќе отвориме повеќе од 110 работни места кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка. Би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра. Сакаме да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука, во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и нови машини. Веќе имаме шест подружници во Европа, ова ќе ни биде седма, истакна Аламави.

Тој напомена дека „Eпсотех“ е позната по тоа што работи по еколошки стандарди.

-Познати сме по тоа што користиме рециклирани материјали, не само наши, туку и од нашите клиенти, и од зелената и од сината економија. Ги рециклираме материјалите и од земјоделската гранка и од рибарството, им даваме нов животоен циклус и играме многу важна улога во заштитата на житвоната среина и во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид. Овој начин на работа веќе го применуваме во Германија, користиме ветерна и соларна енергија. Веднаш кога ќе почнеме со планови за изградба на една постројка, правиме планови и за втора. Се надевам дека и тука ќе останеме со истата стратегија како досега, објасни директорот.

Според премиерот Мицкоски, се очекува инвестицијата да биде најмалку двојно зголемена.

-За нас е чест и задоволство што по нецели две недели и посакуваме добредојде на уште една инвестиција. За почеток ќе има нови 110 работни места, развој на истражувачки центар, нешто што досега недостасува или многу малку го има. Но, тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи да се зголемува и бројот на вработени и извозот и самата инвестиција која очекуваме да биде најмалку двојно зголемена. Компанијата е лидер на пазарот во Германија и таму е присутна со 25 отсто што е значајна препорака за нас зашто очекуваме голем дел од компаниите кои иневститорот ги снабдува со своите производи, да го следат неговиот пример и да дојдат тука, да инвестираат. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија, порача Мицкоски.

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи во објава на „Фејсбук“ напиша дека инвестицијата е работена од страна на неговиот Кабинет и дека покрај оваа инвестиција има уште шест инвестиции за кои се изработени договорите за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста, а кои не биле објавени од принципиелни причини и поради изборниот процес.

– Да, да: има разлика! Некој се „кити со туѓи перја“ и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период, напиша Битиќи.

Фото: скриншот Фејсбук на Владата на РСМ

Next Post
Фото: Фејсбук на Марина Димовска

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk