ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Портокалов аларм, температури и над 40 степени, во Скопје зголемен број колапси на јавни места

July 11, 2024 09:20
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

 Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневни температури кои наместа надминуваат и 40 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје за МИА изјави дека поради топлото време деновиве е зголемен бројот на интервенции при колапси на јавни места.

– Колабираат и помлади и повозрасни граѓани. Дневно имаме пријави за околу десетина колапси. Дали во автобус, дали на работно место… Имаме и пораст на повици од лица кои бараат совети телефонски, рече Реџепи.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА информираше дека поради топлото време, деновиве само во нејзината ординација биле однесени две лица со инфаркт.

– Забележително е дека луѓето имаат проблеми, особено оние со хронични заболувања. Нашите апели се да не се движат по горештините, сите обврски да ги завршуваат во раните утрински часови. Препорачуваме многу лесна храна, да се избегнува јадење количински во топлите часови. Граѓаните да внесуваат многу течности преку ден, вели Чолакова Дервишова.

Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните во овие ексремно толи денови со себе да носат шише вода, да имаат на себе лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира.

Надлежните советуваат активностите на отворено да се спроведуваат пред 11 и по 17 часот. При престој на отворено, да се биде во сенка. Доколку се престојува во затворен простор со вклучено ладење од клима уред, препорачливо е да се исклучи климата барем половина час пред да се излезе надвор на топло. Тоа, со цел човекот полесно да се адаптира на температурната разлика.

Next Post

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk