ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министрите за одбрана на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност за потребите на НАТО

July 11, 2024 11:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МО

Фото: МО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Италија, Албанија и Бугарија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата.

Ова, како што соопштуваат од МО, е првиот меѓународен документ потпишан од страна на новата Влада.

Целта на оваа иницијатива е да се овозможи побрз проток на воените сили и опрема на Алијансата преку поедноставување на националните процедурите за граничен премин, особено во услови на криза.

Со потпишувањето на Писмото за намери се преземаат чекори кои значително ќе ја зголемат ефикасноста на воената логистика и операции, во случај на потреба. Исто така, проектот ќе придонесе за унапредување на координацијата меѓу земјите потписнички, како и инфраструктурата долж Коридорот, а со што ќе се овозможи и полесен пристап кон армискиот полигон Криволак.

Коридорот ќе се протега од Италија, преку Албанија и Македонија, до Бугарија, со можност за проширување.

Оваа иницијатива е практичен придонес кон напорите на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната на целата територија,  придонес за зајакнување на воената мобилност во Европа, како и кон зајакнувањето на соработката меѓу НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од МО.

Next Post
Marian Kamensky

Орбан во „мировна мисија“

НАЈНОВО

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

August 20, 2025

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

August 20, 2025

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk