ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во скратена постапка без расправа Собранието усвои десет предлог-закони со кои се доуредуваат надлежностите на Министерството за енергетика

July 11, 2024 23:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ангел Ангеловски

Фото: Ангел Ангеловски

Пратениците, во рамки на 10. собраниска седница во скратена постапка без расправа ги усвоија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата.

Собранието ги донесе и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, кои, исто така, треба да се донесат по скратена постапка.

На собраниската седница немаше расправа по законите, освен неколку процедурални забелешки. Една од нив упати заменик-координаторката на пратеничката група на СДСМ Славјанка Петровска, која забележа дека попладневното продолжение на седницата не било закажано навреме, но и дека законите се носат во скратена постапка.

-Не знам дали тестирате кој може побрзо да стигне, но, прашањето навистина веќе е сериозно. Тоа што имате мнозинство во Собранието не значи дека треба да го злоупотребувате. Ако во минатото  критикувавте за отсуство на дебата, сега треба да овозможите да ја има, а не на ваков начин да носите закони, рече Петровска.

Според неа, не станува збор за реформи, туку за концентрација на моќ која, како што рече, „треба да резлизира да се исперат 500-те милиони евра нови задолжувања договорени во Вашингтон“.

На ова реплицираше Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека забелешката за брзото закажување на продолжението на седницата може и да се прифати, но останатиот дел не.

-Пред неполн час чувте за 500-те милиони евра и знаете кој како ќе ги распредели. Заборавете ја таа логика и тактика, заврши времето кога парите се носеа и ја задолжувавте државата за да ги украдете парите. Овојпат парите ќе завршат кај граѓаните во општините и во економијата, рече Мицевски.

На делот на забелешката за задоцнето известување за закажување на продолжението на седницата реагираше и заменик претседателот на Собранието Антонијо Милошоски кој истакна оти уште околу 12.30 часот разговарал со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и го известил за продолжението на седницата. За тоа биле информирани и останатите координатори на пратенички групи.

Сите десет закони што беа усвоени денеска на сеница беа поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. За ниту еден од нив не беа поднесени амандмани, ниту се јави за збор некој од присутните членови на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, каде претходно законите добија поддршка.

Како што објасни претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски, целта на предлог-законските решенија е дооформување на надлежностите на Министерството за енергетика.

-Во текстот на законите кои досега ја имаат регулирано надлежноста на Министерството за економија, се менува името од Министерство за економија во Министерство за енергетика. Но, втората работа, која е особено важна, е дека на Агенцијата за енергетика и престанува важноста како институција и таа оди во надлежност на Министерството за енергетика. Се укинуваат Управниот одбор и директорот, со што се исполнува уште едно предизборно ветување за намалување на бројот на институциите. Во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се укинува Управниот одбор, а директорот има обврска да дава шестмесечни и годишни извештаи пред Министерството. Сметаме дека вака ќе биде побрза, порационална и пооптимизирана работата на Министерството за енергетика, истакна Стојаноски, според кој, ова образложение се однесува на сите десет предлог-закони.

На денешната 10. седница остана Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан за чија расправа немаше деловнички услови. Продолжението на седницата, како што најави Милошоски, ќе биде дополнително закажано.

Tags: Министерството за енергетикаСобрание
Next Post
Фото: Принтскрин

Села: Ќе дојде денот кога и премиерот Мицкоски ќе ги прифати уставните измени

НАЈНОВО

Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

August 19, 2025
фото: Охридско лето

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025
Фото: илустрација / unsplash

Студија: Светската стапка на самоубиства намалена за речиси 30 отсто од 1990 година

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk