ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

July 12, 2024 21:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА

Четири малолетни лица кои конзумирале алкохол и психотропни супстанци денеска се пренесени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев за МИА потврди дека малолетниците се на возраст од 14 до 17 години, и се примени со пореметена свест.

Чибишев посочи дека малолетниците се примени на Одделот за интензивна нега и во моментот трае третманот и клиничките испитувања.

Како што рече, две деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања.

-Малолетниците се примени во тешка здравствена состојба, на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски лица, со пореметена свест. Двете од деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања, изјави Чибишев.

Во исто време и од МВР за МИА потврдија дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, потенцираат од МВР.

Како што појаснуваат, лицата веднаш биле пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Чибишев посочи дека за утре е можно да има подетални информации во врска со случајот.

Next Post
Фото: Кумановски театар

Монодрамата на Кумановскиот театар „Прво лице еднина“ на Интернационален камерен фестивал во Германија

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk