Американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека можеби ќе ја преиспита својата изборна кандидатура доколку лекарите му сугерираат дека има здравствени проблеми, се вели во извадок од интервју објавено вчера. Неговата здравствена состојба е под лупа по катастрофалната дебата со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавија американските медиуми.
„Ако имав некоја евидентна медицинска состојба што се појавува, ако некој, ако лекарите дојдат и речат „го имаш овој проблем, тој проблем“, изјави Бајден за медиумската групација БЕТ. Бајден ја даде таа изјава на прашањето што може да го натера да се преиспита за реизбор.