По информациите до кои дојде Фронтлајн.мк, дека Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, на почетокот на месец март бил со семејството во Барселона, а не е во изолација и оди на работа, редакцијата го контактираше Трајчевски кој потврди дека бил во Шпанија.
Трајчевски рече дека на влез во земјата бил прашан за симптоми, како и сите патници кои доаѓаат од странство. Изјави дека ги презема сите превентивни мерки сега, но како лице кое било во една од земјите со висок ризик, тој не е во самоизолација и продолжува да ги врши сите активности, како што е присуство на седница, иако пред неполна недела се вратил од патувањето.
На прашањето, зошто не е во самоизолација, Трајчевски рече „не знам што да ви кажам“.
Инаку, на Фејсбук фотографиите на кои е обележан и Трајчевски, пишува дека се објавени на 9.март.
Според информациите од СЗО, Шпанија е на петто место на листата високоризични земји во кои не е препорачливо да се патува бидејќи се смета за едно од најголемите жаришта на корона вирусот.
А. Н. Стојчевски