Регионалниот суд во Екатеринбург, Русија денеска го осуди американскиот новинар на „Волстрит џурнал“ Иван Гершкович на 16 години затвор со максимално обезбедување.
Гершкович беше прогласен за виновен за шпионажа според член 276 од Кривичниот законик на Русија.
Судењето на Гершкович за шпионажа се одржа зад затворени врати. Пресудата сè уште не е правосилна и може да се обжали во рок од 15 дена.