ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На местото на Мартин Вучиќ, назначена Весна Митевска за в.д. директор на НУ „Танец“

July 22, 2024 12:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Весна Митевска е назначена за в.д. директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни – „Танец“. Назначувањето доаѓа по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата директор на „Танец“ шест години, од 2018-та.

Митевска е вработена во НУ „Танец“ и досега ја имаше позицијата на истакнат играч од прв ред – солист. Воедно е и прва жена директор во 75-годишното постоење на институцијата. Родена е во Скопје во 1986 година и љубовта кон фолклорот и традицијата ја носи уште од најраното детство. Набрзо потоа таа станува член на КУД- Скопје, каде активно ќе членува сѐ до 2001 година. Токму таа година, во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј‟, за прв пат во балетскиот оддел ќе биде отворена Насоката за традиционална музика и игра и Весна Митевска станува ученик во првата генерација образовани фолклорни играчи/пејачи, каде и матурира со успех. За време на образовниот процес таа се здобива со основите на традиционалното играње и пеење, ги изучува народните инструменти и остварува повеќе теренски истражувања.

Едукацијата во доменот на фолклорот продолжува и на Одделот за Етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од каде после три години, во 2008 година, Митевска се запишува на Факултетот за музичка уметност, на специјализираните студии по етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде и се здобива со звањето дипломиран етнокореолог. Во моментов е на магистерски студии на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ на УКИМ, на модулот Етнологија и антропологија на културното наследство.

Весна Митевска е вработена во НУ Танец од 2006 година, прво како дел од вокалниот состав, а од 2012 година станува дел од играорниот кор на Ансамблот, како истакнат играч од прв ред – солист. Низ нејзината посветена работа во концертните активности на Танец, таа ја има претставувано македонската култура и традиција на многубројни настапи, како во нашата земја, така и надвор од неа, на престижни сцени во Австралија, САД, Шведска, Белгија, Германија, Италија, Латвија и многу други. Во нејзината биографија се вброени и посетите на семинари, меѓу кои и оној за изучување на лабановата нотација на српскиот етнолог и етнокореолог Оливера Васиќ. Во моментов, Весна Митевска работи и на својата прва книга, монографијата за фолклорната група од селото Петровец, местото каде што долги години и самата живее.

Tags: Весна МитевскаТанец
Next Post
Фото: СДСМ

СДСМ: Скапи карти и бизнис класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk