РИБАРО
Откако премиерот на Нашата земја – Христијан Мицкоски, во ТВ интервју се пожали дека поради болки во колената мора да лета во авион со ексклузивна бизнис класа и за тоа граѓаните да плаќа илјадници евра, неколку компании од пријателските Русија и Унгарија се понудиле да му го решат проблемот, дознава АХА.
Јас сум прилично висок човек и не ми ги собира нозете во економска класа. Имам болку во колената од тие летови. Башка што таа класа е за сиротиња, да бидеме реални, а јас сум, нели, ројал бизнис човек, рекол Мицкоски.
Руската и унгарската терапевтска компанија како предуслов за да му го решат проблемот со колената, го советувале прво што треба да направи е – да престане да коленичи по митинзи и на официјални средби.
Знаеме дека тоа тешко ќе му дојде на Мицкоски, поради неговите навики, но мора да го направи ако сака да има резултат нашата терапија, стои во образложението од компаниите.
Во допис од Владата појаснуваат дека трошокот за лекувањето ќе падне на товар на пријателските земји, а не на Буџетот, дознава АХА.
Со лесно, Премиере!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK