ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Клековски: За десетина дена ќе знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови

July 24, 2024 16:10
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам за десетина дена да знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа со девет нови лекови, бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за девет лекови. Ние правиме комплетна анализа. Значи, во функција сме 15 денови. Она што министерката за финансии го истакна е дека во буџетот постојат многу дупки кои ние допрва ги востануваме, одговори директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на струмичката болница.

Според него, во моментот се прави проценка колкави се дупките во повеќе подрачја за заедно со ребалансот, со новите средства, да се направи проценка кои се здравствени потреби можат да се задоволат до крајот на годината.

-Тоа бара малку време. Ќе дозволите две недели сме на функција и мораме да ги видиме приоритетите, бидејќи секој ден се јавуваат од клиники, од болници дека се блокирани, дека фондовите за условно финансирање се потрошени итн. Меѓутоа, убеден сум дека со домаќинско работење ќе најдеме начин да ги покриеме сите потреби што се до крајот на годината. За 2025 малку и да следното гледање на позитивната листа да не биде мало дотерување на листата, туку да биде малку посуштинско, посодржинска промена, рече Клековски.

На новинарско прашање директорот на ФЗО одговори дека значителен број граѓани кои сами собираат средства за лекување воопшто не се обратиле до Фондот.

– Лекувањето во странство е еден мал сегмент од работата на Фондот. Тоа е многу повеќе од сето тоа. И една од првите средби, меѓу другото, ни беа со луѓе што се ангажирани во собирање средства. Скоро 80 отсто од пациентите не се обраќаат во Фондот. Ние на дневна основа, да не кажам ама на секои три дена, одобруваме доста лекувања во странство. Значителен број од тие луѓе што собираат средства воопшто не се обиделе да добијат средства од Фондот и верувам дека е прашање на недоверба во институциите, дека воопшто не веруваат дека имаат шанса да добијат средства. Ние таа недоверба мора да ја надминуваме, мораме да бараме системски решенија, рече Клековски.

Додаде дека во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има значајни забелешки за начинот на водење на лекувањето во странство и еден од приоритетите е тоа структурно да се корегира и да се изгради еден однос на доверба со пациентите и оние пациенти кои имаат потреба навистина да добијат поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

Tags: Клековскилековипроширување
Next Post

Шолц: Ќе се кандидирам за канцелар на сојузните избори во 2025 година

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Битолчанец лишен од слобода откако со нож ја убил сопругата

May 14, 2026

ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

May 14, 2026

ЈП „Комунална хигиена“: Транспортирани 200 кубни метри отпад од акцијата „Генералка викенд“

May 14, 2026

СДСМ: Мицкоски и Филков молчат повеќе од 30 дена, намерно го штитат Груевски од екстрадиција

May 14, 2026

Луциден сон со нова песна и видео спот „И пак те нема“

May 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk