Со уникатно шоу на реката Сена вечерва свечено беа отворени 33. летни Олимписки игри во Париз.
„По бавниот почеток, спектаклот на отворањето на Олимписките игри влезе во динамична и неверојатно разнообразна редица на индивидуални внатрешни и масовни надворешни секвенци, со историски, уметнички, архитектонски, музички, ликовни, библиотекарски подлоги, во безброј бои, со добра музика, ревии, улични егзибиции и конечно со бродската ревија на учесниците по течението на Сена. Пораките за мир и за спас на планетата, за пријателство и солидарност, беа многу јасни. Феноменално беше покриен целиот тој огромен терен. Дождот не само што не ја поремети претставата туку и даде дополнителен шарм. Спектаклот на отворањето го имаше типичниот француски односно париски фазон што можеше да се почувсгвува во секоја точка и во секој настап. Посебно фасцинантен беше делот кој го фати ноќта над Париз. Браво за сите учесници, продуценти, визиинери, режисери. Се разбира и за француската држава која вложи огромни напори околу безбедноста“, напиша новинарот и колумнист на Фронтлајн, Бранко Тричковски.
Во музичкиот дел покрај другите настапија: Лејди Гага, која изведе два француски евергрини, симболичната песна од мјузиклот „Mon truc en plumes“ и песната на Едит Пјаф „ La vie en rose“.
Селин Дион
Француската кралица на попот Аја Накамура ги изведе нејзините хитови „Pookie“ и „Djadja“ и евергринот „For me Formidable“ на Шарл Азнавур
Прекрасна изведба на Imagine:
На еден од мостовите беше распослана и уникатна модна ревија на различностите со диџеј Барбара Буч.
Игрите официјално ги отвори францускиот претседател Емануел Макрон.
Патот на факелот со олимпискиот оган беше посебно уникатно доживување.
Вечерва го носеа: Зинедин Зидан, Рафаел Надал, Морезмо, Карл Луис, Серена Вилијамс, Надја Команечи и редица други спортисти за да заврши во балон над фонтаната кај Конкорд во градината на лалињата.
Македонската спортска експедиција беше претставена на вечерашното спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз.
Македонскиот екипаж брои шест спортисти, плус нивните тренери, а знамето го развиорија Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
Со нас на бродот беа и малубројните експедиции на Луксембург и Мадагаскар.
На Игрите ќе настапат 10.500 спортисти од 206 држави, кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови.
Ј. Ѓ.