Пишува: ОФЕЛИЈА ДИМКОВСКА
Немојте да заборавите дека, додека си седите и си коментирате Олимпијада ‘ми се свиѓа не ми се свиѓа’, како да сте направиле нешто (по)добро, живеете во земја во која:
- Од кафаните во туристичките центри само во една инспекција беа фрлени 9 тони расипана храна
- Дека од вести со часови се пренесува во живо гасење на пожари со детално објаснување, се разбира пожарот е во позадина некаде, а и тие што гасат речиси со голи раце.
- Од петте најбогати луѓе во Македонија двајца се трговци од оние маркети каде што храната мириса на прашок за перење зашто на исто место се чуваат
- Дека нови политичари парадираат налицкани и манипулираат дека одеднаш нема пари за ништо освен за нивните плати што уредно ќе си ги земат на први во месецот.
- Дека од каршија Србија има 113 спортисти на Олимпијада
- Дека градоначалничката што велеше дека ќе има бесплатен превоз, го укина скроз. Таму ќе седи 4 години и ќе го има тоа во биографија. Дека седела и се расправала. Тоа ќе го нема
- Дека од одбележување 61 година од земјотрес имаше само положување цевеќе
- Дека креативноста е умрена
- Дека Скопје се пече како под вршник зашто дрворедите се десеткувани
- Дека не испрскаа регуларно против комарци па ги има во роеви
- Дека Вардар е фекална вода.
- Дека од забава има кафанска забава
- Дека во Париз врне лие и во такви услови се свири пее игра плови. Да е еден дожд на дивите метални тераси во. Струга, струја луѓето ќе ги убие.
- Дека кејот е пустош.
Знаете за она ‘очи широко затворени’.
Дали да редам уште…
Таа Олимпијада што ја гледате се спрема 4 години во неа се вклучени 20 000 луѓе, многу работеа волонтерски вклучително познати дизајнери кои изработија 1 000 костими а за овие две недели сите француски познати готвачи ќе работат бесплатно за да ги нахранат спортистите…
Знаете вие некој наш познат готвач?
Дали да редам уште…