Со по четири освоени златни медали, Јапонија и Австралија се водечки во поредокот на земји медалисти на Олимписките игри во Париз.
Со по три злата од третата до шестата позиција се САД, Франција, Кореја и Кина.
Италија, Казахстан, Белгија, Германија, Хонгконг и Узбекистан освоија по едно златно одличје.
Вкупно 21 држава се закити барем со еден медал, најмногу имаат Американците – 12.