ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сајбер напад од Северна Македонија фрли сенка на изборните резултати во Венецуела

July 30, 2024 12:12
in ДЕНЕС, СВЕТ, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди главниот обвинител, Тарек Вилијам Сааб, објави cooperativa.cl.

„Изборниот систем претрпел „напад од Северна Македонија“, чија намера била да „манипулира со резултатите“, но тој не успеал. Зад нападот стојат опозициската лидерка Марија Корина Мачадо и двајца други познати противници на венецуелската влада“, тврди Сааб.

Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија, се вели од Обвинителството.

На прес-конференција Сааб рече дека неговата канцеларија пронашла прелиминарни докази за наводен обид за саботажа на изборниот систем на ЦНЕ што доаѓа од Северна Македонија, а зад која покрај Мачадо стоеле и „бегалците од правдата“ Лестер Толедо и Леополдо Лопез.

Ваквиот чин според обвинителот го забавил системот со кој се обработувале податоците при што двата табора објавија различни резултати со огромна разлика на изборите.

Како што објавија медиумите победник на изборите е актуелниот претседател Николас Мадуро кој е на власт веќе 11години, додека кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалез Урутија освоил 44 отсто.

Опозицијата го тврди спротивното, односно дека победил токму нивниот канидат со огромна разлика од 70 проценти од избрачите што излегоа на гласачките места.

Големи немири избиле во главниот град на Венецуела еден ден откако претседателот Николас Мадуро соопшти дека победил на изборите. Неколку илјади демонстранти се обиделе да се приближат до претседателската палата во главниот град Каракас, додека полицијата и војската одговориле со солзавец и гумени куршуми. „Би-би-си“ јавува дека на безбедносните сили им се придружиле левичарските паравоени формации кои се судриле со демонстрантите и блокираа многу патишта околу центарот на градот.

Тамошниот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопез на социјалната мрежа „Х“ објави дека за време на немирите во Венецуела се повредени повеќе од 20 војници, од кои некои со прострелни рани.

Северна Македонија, односно Велес, кој има нешто повеќе од 45.000 жители, стана познат пред американските избори во 2016 година, кога светските медиуми открија дека во него се креирани повеќе од 100 политички веб-страници, каде се споделуваа лажни вести, кои ја фаворизираа политиката на Доналд Трамп.

Д. Муратов / ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Фото: Скриншот / Фронтлајн

Говор на омраза, закани, навреди и омаловажувања по коментарот од проф. Целакоска

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk