ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ризаов: Мицкоски е бледа копија на Вучиќ и Орбан

August 6, 2024 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Грешките и катастрофалните чекори што Владата на Христијан Мицкоски ги презема откако ја предводи државата се покриваат со закани и заплашувања за дестабилизација на државата.

Вака го анализира кусото владеење на Мицкоски долгогодишниот новинар и колумнист, Ерол Ризаов во својата последна колумна за Дојче Веле на македонски насловена „Каде оди и нè води Мицкоски“.

Претставувањето на земјата на меѓународен план, пожарите што беснеат дома и низа други скандали се само дел од потезите што Мицкоски сака да ги прекрие со наводни непријателски активности од кои тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе нè спасуваат.

„Последниот обид да се прикријат катастрофалните потези на владата во низа, додека гори од пожари цел месец државата, е дека ДУИ подготвува дестабилизација на Македонија и нарушување на територијалниот интегритет. Завиваат вмровските сирени за тревога и мобилизација. Ечат повици за единство за одбрана на Македонија од лошите Албанци стационирани во ДУИ. Добрите пак Албанци се со власта. Нешто слично како патриотите Македонци и предавниците Македонци. Другите каде и да се и со кого да се, не се битни. Со други зборови, се подготвува граѓанска војна, за потоа да следува задолжителната утешителна порака – владата и лично Мицкоски нема да го дозволат тоа“, пишува Ризаов.

Ваквото однесување, додава тој, потсетува на однесувањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ и унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Сепак, според Ризаов, Мицкоски е само нивна бледа копија и многу брзо по изборите ги заборавил националистичките и нереални ветувања со кои дојде на власт – промена на договорите со Грција и Бугарија.

„Бев убеден дека новата влада и премиерот Христијан Мицкоски по победата на изборите ќе ја применат прагматичната политика на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. За тоа да го направат имаат комотно двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа политичка доктрина одамна позната во светот и секогаш актуелна е многу едноставна. Мислев дека така ќе се обидат да ги неутрализираат големите лаги што со години ѝ беа сервирани на јавноста и Македонија ќе ги продолжи преговорите со ЕУ по брзото усвојување на уставните измени и ќе се постигне неопходниот консензус за спроведување на сложените реформи за членство во ЕУ“, анализира Ризаов.

Сепак, според него, постапките на Мицкоски и двојните аршини за надвор и дома не одаваат впечаток дека Владата ќе се зафати реформите. Наместо тоа, евроинтеграцијата се претставува како надворешно, а не како домашно политичко прашање.

„Прикривањето на оваа вистина кај нас има друга цел која веќе се открива. А, тоа е одложувањето на преговорите со ЕУ. Читај одложување на спроведување на реформите за догодина, или уште подоцна по локалните избори и евентуално по уште едни предвремени парламентарни избори. Затоа се потребни нови петстотини, или многу веројатно цела милијарда евра кредити кои нема да бидат под строга финансиска контрола на заемодавачите, туку се резултат на една политичка зависност на авторитарни држави чии фактури допрва ќе стасаат како сакана награда за една спротивставена политика на ЕУ. Одложувањето на преговорите со ЕУ е многу опасна и скапа работа која ја прави неизвесна иднината на Македонија. Тука треба да се бараат причините за можната дестабилизација на државата“, пишува Ризаов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром собра над 100 кубни метри кабаст отпад, акцијата продолжува до крајот на септември

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk