ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Косовските Срби го започнаа протестот во Северна Митровица против отворањето на мостот на Ибар

August 7, 2024 13:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Митровица, во близина на главниот мост на реката Ибар, започна протестот на припадниците на српската заедница кои се противат на неговото отворање за сообраќај.

На протестот, поранешниот судија од Северна Митровица, Никола Кабашиќ, рече дека мора да се постигне консензус меѓу сите претставници на Србите во Косово за да се идентификуваат и заштитат основните интереси на српската заедница, јавуваат косовските медиуми.

„Јадот е наш колективен проблем. Напаѓани сме како народ, под агресија сме да го напуштиме Косово“, рече Кабашиќ.

Како форма на притисок, припадниците на српската заедница ги гледаат напорите на Владата на Албин Курти за воспоставување власт на северот на Косово, како и присуството на припадници на специјалните единици на косовската полиција.

Кабашиќ истакна дека протестот не е против албанскиот народ, туку против Владата на премиерот Албин Курти.

Мостот на реката Ибар ја дели Јужна Митровица, со албанско мнозинство, и Северна Митровица, со српско мнозинство. Во повоениот период, овој мост беше симбол на немирите и барикадите што ги подигнаа косовските Срби за да се спротивстават на напорите на Косово да воспостави власт на север. Мостот засега е отворен само за пешаци, иако во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија е договорено и тој да биде отворен за сообраќај.

Владата на косовскиот премиер Курти кон средината на јули објави дека има намера да го отвори главниот мост на реката Ибер во Митровица.

Сепак, земјите од QUINT – САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија – на 2 август рекоа дека во овој момент не поддржуваат отворање за сообраќај. Мисијата на НАТО на Косово, КФОР, изјави дека секоја одлука за отворање на главниот мост на реката Ибер мора да биде донесена во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија.

Италијанските војници како дел од мисијата КФОР се веќе стационирани на мостот на реката Ибар, а во близина се и припадници на косовската полиција.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, и на 1 август го повтори ставот на ЕУ дека прашањето за отворањето на мостот во Митровица треба да се реши во рамките на дијалогот, со оглед дека за тоа има договор. КФОР изјави и дека нема да се двоуми да реагира доколку постои ризик настаните да влијаат на регионалната безбедност и стабилност. На протестот се присутни и претставници на Српска Листа, најголемата партија на Србите на Косово, која има поддршка од Белград.

Од оваа партија претходно изјавија дека мостот не може да се отвори без консултации и согласност на српското мнозинство кое живее на северната страна на мостот. Пратениците на Собранието на општина Северна Митровица во април минатата година ја одобрија одлуката за отворање на мостот на Ибер, која потоа беше испратена до Министерството за внатрешни работи на Косово и до Министерството за локална самоуправа.

Заменик-претседателот на Собранието на општина Северна Митровица, Скендер Садику, на крајот на мај изјави дека централните институции, КФОР и Европската Унија сега се одговорни за спроведување на оваа одлука. Тој нагласи дека со оваа одлука мора да се согласат и локалните власти во Јужна Митровица.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Х

Германскиот министер за правда за размената на затвореници: Бев загрижен дека Русија ќе ги отруе пред летот

НАЈНОВО

AI generated image

Северна Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“ со поддршка од ЕУ

October 14, 2025
Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

October 14, 2025

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk