ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗЕЛС со поддршка за предложените измени во Законот за урбанистичко планирање

August 13, 2024 14:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија –ЗЕЛС денеска соопшти дека ги подржува општините во процесот на изградба на капитални проекти од јавен интерес, чија реализација ќе се забрза со предложените измени во Законот за урбанистичко планирање, што е во собраниска процедура и каде се предвидени поедноставени процеси на донесување на плановите, како основ за одобрение за градба.

Со тоа, како што се наведува во соопштението од ЗЕЛС, ќе им се овозможи на општините да реализираат објекти кои се исклучиво од јавен интерес (градинки, училишта, амбуланти, катни гаражи…. ), односно во интерес на граѓаните.

-Најголем број општини во земјава во континуитет се соочуваат со неможност да им излезат во пресрет на барањата на своите граѓаните преку изградба на јавни објекти со кои ќе се подобрат услугите и ќе се обезбеди поквалитетно живеење. Причината е што најчесто во реоните каде што има потреба од вакви објекти не се донесени детални урбанистички планови или треба да се направат измени на постојните. Донесувањето на вакви детални планови бараат одвојување на многу големи финансиски средства, (што најголем број од општините ги немаат доволно), но истовремено и што нивното донесување се одвива во еден долг временски период, од најмалку четири, пет до десет години, посочуваат од ЗЕЛС.

Предложените законски измени, како што се наведува во соопштението, ќе им дадат можност на општините да ги исполнат барањата на своите граѓани и истовремено ќе ја зголемат одговорноста на општинските совети, кои требаа претходно да дадат „зелено светло“ при одобрувањето на изградбата на секој ваков објект од јавен интерес.

-Како дополнителна причина во полза на предложените измени е и обврската за обезбедувањето еднакви можности на сите општини во земјава кои имаат потреба од градба на јавни објекти, а не таа „привилегија“ да ја имаат само општините кои располагаат со поголеми финансиски средства за да издвојат за донесување на ваква планска регулатива. Всушност, по неодамна изнесеното ветување на Владата на РСМ дека наскоро ќе објави јавен повик до сите општини за финансирање на капитални проекти во општините, беше забележано дека токму поради недостаток на изработени детални урбанистички планови, голем дел од општините не ќе можат да аплицираат за нивно користење, велат од ЗЕЛС.

Во соопштението е посочено дека поддршката од ЗЕЛС оди во насока, сите општини да учествуваат со еднакви услови кога се обезбедуваат вакви „грантови“, бидејќи тие средства треба да бидат во полза, подеднакво на сите граѓани во земјата. 

Tags: Закон за урбанистичко планирањеЗЕЛС
Next Post

Мицкоски: Рамковниот договор го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk