На петтото издание на Флипбук Филм Фестивал кој се одржa од 8ми до 11ти август годинава во Кинотеката на Македонија беа прикажани близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама.
Жирито на главната и селекцијата на анимиран документарен филм во состав Никица Гилиќ од Хрватска, Андријана Ружиќ од Србија и Влатко Галевски од Македонија, ги наградија следните филмови: наградата за најдобар филм во главната селекција е за филмот „Три птици“ на словенечката режисерка Зарја Менарт, а специјално признание доби филмот „Фустан за финале“ на хрватската режисерка Мартина Мештровиќ.
Во селекцијата на анимирани документарци главната награда ја доби „Дали е сега време да те оставам“ на тајванката Ји Чин Цаи, а специјалното признание го доби португалскиот филм „Перцебес“ на Александра Рамирез и Лаура Гончалвес.
Жирито на студентските филмови и анимираните музички спотови во состав Гала Фрекон од Франција, Ана Опачиќ од Хрватска и Никола Радуловиќ од Македонија, наградата за најдобар студентски филм му ја додели на грузискиот „Румените образи на Маро“ на Маријам Жорданија, а двете специјални признанија отидоа кај „Адама“ на Дан Макс Ницан Мејер и „Закачена на илузии“ на Лаура Изабел Шнајдер.
Наградата за најдобар анимиран музички спот ја доби „Добидник’ на Капусин Гугле и Капусин Мулер, а специјалните признанија ги добија „Чао бела“ на македонскиот автор Александар Ристески и „Кучето Даги“ на Џереми Булар и Пол Буржоа.
Наградата за најдобар филм со еколошка порака која секоја година ја доделува организацијата Еко свест, ја доби филмот „Чекање“ на Вокер Шлехт.
Годинешното издание на Флипбук Филм Фестивал е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, организацијата Еко Свест и Кинотеката на Македонија.