ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски очекува набргу да биде разработен јасен план и анализа за проектот Чебрен

August 16, 2024 14:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Премиерот Христијан Мицкоски  очекува набргу од денеска да биде разработен јасен план и анализа за проектот Чебрен, за кој разговарал и на завчерашната средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел.

На новинарско прашање Мицкоски денеска соопшти дека насекаде низ светот собираат информации од кредибилни партнери за учество во овој стратешки проект од кој покрај производство на електрична енергија со планираното ново езеро ќе има уште еден резервоар за вода за граѓаните, за наводнување и за развој на туризмот.

-Идејата е да видиме колку е можно повеќе, насекаде низ светот да собираат информаци од кредибилни партнери за нивно учество во вакви стратешки проекти, во таа насока беше и средбата со господинот Гренел, плодна и успешна неколкучасовна средба. Разгледани се многу опции и можности. Секако дека ние као држава би биле партнер во тој проект бидејќи за нас Чебрен е од стратешко значење бидејќи не сите проекти се економски ислатлив и не сите проекти се за таа намена за која што првично мислиме. Да, проектот Чебрен во јавноста е познат како хидроцентрала, која треба да произведува електрична енергија, но јас не би занемарил и фактот дека лично сум убеден дека на идните генерации им е потребен уште еден резервоар вода имајќи ги предвид глобалното затоплување и предзивиците со него. Мислам дека новото езеро што ќе биде со овој проект ќе биде уште една можност за генерациите кои доаѓаат по нас да имаат уште еден резервоар вода, рече Мицкоски.

Како што дополни, околу 55 илјади хектари во Тиквешко поле ќе имаат дополнителен резервоар за наводнување и ќе има можности за развој на туризмот. – Таму  нема ограничувања од аспект на заштита на животната средина. Можеме да го развиваме туризмот и да направиме населби кои ќе значат многу за локалната економија, но и за нас како држава.  Дури потоа доаѓаме до четвриот приоритет, прозводството на електрична енергија, рече Мицкоски.

Ќе се утврдува дали  проектот ќе се реализира со стратешки партнер или државата ќе обезбеди финансирање, но како што нагласи, ќе се пристапи внимателно, односно нема да се влегува наивно во  проектот.

-Набргу од денеска очекувам  да разработиме јасен план и набргу од денеска очекувам да почнеме и конечно да го завршиме овој проект. Дали тоа ќе биде со стратешки партнер, дали државата ќе обезбеди финансирање, па самата ќе го изгради, ќе направиме јасна анализа врз основа на информациите што сега ги собираме. Нема да влеземе наивно во овој проект и со големи ѕвона да го најавуваме – готово е завршена е работата. Не, многу сме внимателни, гледате колку внимателно пристапуваме кон сите проблеми, рече премиерот Мицкоски.

Од Владата  претходно соопштија дека на средбата на Мицкоски и Гренел се анализирале можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во тој контекст била разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата.

Во јануари годинава пропадна 14-тиот обид  за изградба на хидроцентралата Чебрен откако  грчката државна компанија ППЦ „Архидрон“ со која требаше да се спроведе преку јавно-приватно партнерство не ја продолжи банкарската гаранција што беше активна до крајот на минатата година. 

Tags: МицкоскиЧебрен
Next Post

Тројца цивили загинаа а петмина беа повредени во руските напади во Доњецк

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk