ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Војната во Газа предизвика апокалиптични размери, бројот на загинати надмина 40.000 луѓе

August 16, 2024 18:23
in ДЕНЕС, СВЕТ

Здравствените власти во Газа соопштија дека бројот на загинати надмина 40.000 луѓе. Во меѓувреме, Израел го засили своето де факто заземање на палестинската земја на Западниот Брег, објави Вашингтон Пост.

Статистиките за Газа се мрачни и крвави самите по себе: 40.000 убиени Палестинци во 10-месечната војна во Газа.

Оваа војна ја карактеризираат и запрепастувачки, апокалиптични размери на уништување, последица од деноноќното немилосрдно бомбардирање на израелската воена авијација, дронови и артилерија. Секојдневно, целото население е подложено на неизмерно страдање, глад и болести. Никој не е безбеден, никаде нема засолниште од бомбардирањето и жестоките воени операции на копно.

Статистиката ја води министерството за здравство во Газа што често се става под знак прашање, особено затоа што во бројот на загинати не се прави разлика меѓу цивилите и борците на Хамас. По почетокот на војната на 7 октомври минатата година, кога во терористички напад на Хамас загинаа најмалку 1.200 израелски цивили и разорниот поход на израелската армија на Газа, беше сосема јасно дека независната проверка на фактите е невозможна. Од една страна, некои извори тврдат дека бројот на загинати е дури и повисок, додека Израел често ги минимизира бројките. Но бројот на огромен број загинати цивили, меѓу кои најголем дел се жени и деца, едноставно, не може да се негира.

Ако бројот на загинати според властите во Газа е 40.000, а Израел претходно објави дека нејзината армија убила 14.000 припадници на Хамас, за потоа (без објаснување) да ја искачи бројката на 17.000, останува едноставната пресметка дека во Газа загинале меѓу 23 и 27 илјади цивили. Ако им се верува на статистиките на двете страни, се разбира.

Повеќе извори во западните медиуми, организации и институции што ги следат воените судири, од претходните конфликти во Газа имаат искуство дека бројот на жртви што го пријавува локалното министерство за здравство е во голема мера прецизен.

Подготви: Џ. Дерала / Цивил Медиа

Tags: ГазаизраелПалестина
Next Post
Ацо Кабранов

Кабранов: Измислицата „дестабилизацијата“ од Мицкоски е класичен спин за дефокус од скандалите на новата влада

НАЈНОВО

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk