ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лога: Сашко Лафчиски не ги исполнува законските услови за шеф на Генералштабот на АРМ

August 19, 2024 07:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Алијанса за Албанците Кренар Лога изнесе забелешки за назначувањето на Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армијата

– Кога една Албанка не ги исполнува законските услови за директорка (ревизорка на ИПА фондовите), таа се разрешува, а кога еден Македонец не ги исполнува законските услови, тој станува шеф на Генералштабот на АРМ!, пишува Лога. во соопштението до медиумите

„Парадоксите во оваа наша држава наречена Северна Македонија стануваат нормални, особено кога мнозинската заедница треба да го направи својот “избор”. Сашко Лафчиски од бригаден генерал “се издигна” во чин генерал-мајор и беше назначен за шеф на Генералштабот на Армијата од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, што предизвика многу реакции во јавноста, особено во армијата. Но, ова брзо поминува бидејќи тој го зазема местото на еден Албанец, кој според професионалните заслуги и законските услови требаше да биде генерал Бесник Емини.
Г-дин Лафчиски не ги исполнува потребните услови за оваа позиција, односно е четири нивоа под стандардите кои се бараат за шеф на Генералштабот“, истакнува Лога.

Тој вели дека на тоа назначување „не реагираше ни СДСМ, ни ВМРО, ни Левица, ни ЗНАМ, се прашувате зошто?“

„Еден од главните услови што Лафчиски не ги исполнува е возраста и стажот. Се бара шефот на Генералштабот да има најмалку 6 месеци искуство како командант на Оперативната Команда, а законската регулатива обврзува на чело на Генералштабот да се назначува само оној кој барем 6 месеци бил на чело на Оперативната Команда. Над сè, како бригаден генерал, Лафчиски нема 4 години искуство како што бара законот за да може да биде именуван за генерал-мајор, што автоматски значи шеф на Генералштабот. На Лафчиски му е даден овој чин еден ден пред тој да биде декретиран од претседателката за шеф на Генералштабот. Неговото досие како воен службеник, доверливоста и угледот во армијата оставаат да се посака многу, во неофицијални околности се дознава дека досега не бил опремен ниту со потребниот НАТО сертификат)“, нагласува Лога во соопштението.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет на Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.

-Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции, соопшти Кабинетот на претседателката. 

Поврзано: 

Генерал-мајор Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на Армијата

Tags: АРМГенералштабЛафчискиЛога
Next Post

ВЛЕН: Гаши се однесувал според прописите предвидени со закон и протокол за безбедност

НАЈНОВО

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk