Ликовен настан Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024 година, ќе се одржи во дворот на објектот на Кинотека, информираат од Детски ликовен центар, Скопје и Здружение на ликовни педагози.
Учесници ќе бидат 10 ликовни творци и тоа Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева. Уметниците ќе сликаат од 10 до 19 часот во сабота (24.08) и недела (25.08) 2024 година. Во вторник на ден 27.08 во 12 часот ќе се отвори изложбата со дела од ликовните творци.