ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Сите капацитети на МНР и државата се во функција на заштита на граѓаните од корона вирус

Јас требаше да сум во Париз, потоа во Брисел, имав важни состаноци. Останав во Скопје и панелот беше дигитален. Не можам да дозволам сега да сум во изолација. Не одам надвор, се обидувам само тоа што е нужно. Ќе имаме дигитална посета на германски министер , ќе имаме Скајп средба, јас од тука, тој од таму. Не сме сами, глобална е заканата.“- објасни Димитров.

March 14, 2020 22:06
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Димитров, носителот на кандидатската листа во првата изборна единица, на коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, е првиот соговорник во серијалот интервјуа, како еден од новите начини за изборна промоција, откако партиите од коалицијата решија да ги одложат сите теренски активности согласно препораките на здравствените власти за заштита од корона вирусот.

„Искуството и анализите од Кина и Италија, потврди ја дека само со одлучни мерки и намалено движење на луѓето се спречува ширење на вирусот. И следејќи ги експертските совети одлучивме да преземеме мерки. Најавено е затворање на аеродромот во Охрид, а ќе остане отворен во Скопје, околу угостителските објекти има мерки, околу шопинг моловите, по еден граничен премин со секоја држава е отворен, другите се затворени. Живееме во светска здравствена криза, имаме 150.000 лица заразени во светот. Грижата за себе е грижа за сите и мораме да бидеме одговорни затоа што се работи за здравјето“- изјави Димитров во интервјуто.

Тој посочи дека МНР презема низа активности да им помогне на македонските граѓаните кои се надвор од државата, а сакаат да се вратат дома.

„ Има македонски граѓани кои се надвор. Во секој момент се менува состојбата. Стигаат информации дека држави ќе затворат секаков вид на сообраќај и ќе забранат влез во државите. Да се оди за туризам некаде надвор денес е несериозно и неодговорно, освен оние со неодложни обврски. Имаме координативно тело со броеви, со мејлови. Во конзуларните преставништва имаме лица за врски. Имаме наши граѓани во Малта чиј лет бил откажан, па сега во понеделник ќе патуваат со „Туркиш ерлајнс“. Но овие граѓани заминале таму пред неколку дена како туристи. Истовремено помагаме и на превозниците кои се надвор од дома, значи сите капацитети ги имаме на располагање“- изјави Димитров.

Во врска со неговата лична заштита од вирусот Димитров одговори дека се однесува одговорно и кон себе, а со тоа и кон другите.

„Како и сите останати одговорни индивидуи, ги следам препораките, се прилагодувам на нив и целосно ги почитувам. Цело време мијам раце и ставам средства за дезинфекција. Поздравот со раце да го замениме со наклон, со насмевка… Ова е нова состојба, не само за нас, туку за целиот свет, но важно е да се однесуваме согласно препораките и мерките. Јас требаше да сум во Париз, потоа во Брисел, имав важни состаноци. Останав во Скопје и панелот беше дигитален. Не можам да дозволам сега да сум во изолација. Не одам надвор, се обидувам само тоа што е нужно. Ќе имаме дигитална посета на германски министер , ќе имаме Скајп средба, јас од тука, тој од таму. Не сме сами, глобална е заканата.“- објасни Димитров.

Next Post

Превенција од корона вирус - СДСМ со онлајн интервјуа со носители на кандидатски листи

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ