СДСМ на лајв стрим емитуваше видео од Никола Димитров, носителот на кандидатската листа во првата изборна единица, на коалицијата „Можеме“.
Тој е првиот соговорник во серијалот интервјуа, како еден од новите начини за изборна промоција, откако партиите од коалицијата решија да ги одложат сите теренски активности согласно препораките на здравствените власти за заштита од корона вирусот.
емитување едукативни спотови се новитет.
Инаку, согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми.
„Како одговорна партија, активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните.З дравјето на граѓаните е пред се. Ги повикуваме граѓаните но и сите други субјкети да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции. Сега е време, секоја индивидуа, секој субјект и политичка партија да покаже одговорност и да придонесе за заштита на јавното здравје“; велат од СДСМ.





